
Страшна експлозија, во која беа оштетени пет станбени згради и најмалку десет возила, одекна нешто пред 04:00 часот по локално време во Аспропиргос, во близина на Атина.
Според грчките медиуми, експлозивната направа била поставена пред куќа во улицата Ирини, а нанела голема штета на околните згради.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а според неофицијални информации, форензичарите не успеале да пронајдат остатоци од експлозивна направа.
Наводно, во областа каде што се случила експлозијата живеат емигранти од поранешниот СССР.
Во овој момент не се знае кој го поставил експлозивот, ниту кој можел да биде цел на нападот.