
Како што пренесуваат француските медиуми, ПСЖ на стадионот „Паркот на принцовите“ отстрани огромен постер со ликот на Мбапе.
И тоа не беше се, навивачите кои дојдоа во продавницата за опрема на клубот се соочија со непријатностите што никаде не можат да купат дрес со името на Мбапе!
Се уште се во продажба и дресовите на Меси кој си замина од клубот, но и на Нејмар кој неодамна објави дека сака да си замине од Париз.
Единственото нешто во продавницата што беше за Мбапе беа плакатите на внатрешните ѕидови на продавницата.
Мбапе доби инструкции од стручниот штаб во понеделникот да тренира со Б тимот.
Клубот смета дека тој се договорил со Реал да си замине без отштета во летото 2024 година, додека челниците на „светците“ сакаат сега да го продадат и на тој начин да компензираат дел од 290-те милиони евра што ги платија за неговото доаѓање од Монако.
❌No hay camisetas de Mbappé en la tienda del PSG
🔥También han quitado su imagen del Parque de los Príncipes
📺#Golazo pic.twitter.com/bvpIHfGfUY
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) August 8, 2023