МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 4.342 тестови, а регистрирани се 1.222 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34…
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 157 реинфекции.
Регистрирани сe 1.502 оздравени пациенти од: Скопје – 862, Битола – 118, Куманово – 78, Кавадарци – 54, Тетово – 51…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г.
Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г.
Бројот на починати достигна 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415.