Скрининг во училиштата во Македонија – 6 позитивни од 1.323 тестирани
Вкупно 1.323 основци и средношколци беа опфатени со скринингот за откривање на Ковид 19 во училиштата во Македонија, а опасниот вирус бил потврден само кај 6 ученици.
Од МЗ информираат дека тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци во Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.
Податоците на националниот систем „Мој термин“ покажуваат дека досега 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.