На денешниот собир во Киев неколку илјадници Украинци излегоа на улиците за да покажат единство поради наводната закана од руска инвазија. Беше организиран протестен марш низ центарот на главниот град, а се извикуваше „Слава на Украина“.
На транспарентите на демонстрантите пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“.
Украинскиот претседател – Володимир Зеленски порача граѓаните да останат смирени и да покажат единство.
Тој претходно изјави дека американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците.