Западните разузнавачки служби тврдат – Русија во среда ќе ја нападне Украина.
Според „Дер Шпигел“ направен бил план за инвазија за на 16 февруари.
Написите на германскиот медиум се идентични со тврдењата на советникот за национална безбедност во САД – Џејк Саливен кој тврди дека Русија ќе ја нападне Украина пред да завршат ЗОИ кои се одржуваат во Пекинг, а чие затворање е предвидено за 20-ти овој месец.
Според информациите пласирани од „Дер Шпигел“, плановите за рутите на руската војска наводно се испратени до администрацијата на претседателот на САД – Џо Бајден, а наводно американскиот претседател денеска ќе има нов разговор со Владимир Путин.
Руските медиуми веќе објавија дека дел од нивниот персонал во амбасадата во Киев бил предупреден да ја напушти земјата.
„Политико“, пак, пишува дека наводно Бајден вчера го одредил 16. февруари како можен датум за инвазија, и тоа во разговор со лидерите на Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Полска, Романија и Франција. За сето ова, според медиумот, биле информирани и генералниот секретар на НАТО, но и претседателот на ЕК.
Руското МНР вчера информираше дека западните земји ги користат медиумите за ширење на лажни вести