Кличко: Киев е подготвен за евакуација ако има руска инвазија

Виталиј Кличко – градоначалникот на украинскиот главен град Киев изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија.

„Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен напад“ – рече Кличко.

Според него – „за Киев е одобрен планот за евакуација, што ја одредува локацијата на центрите за евакуација, потребниот број возила и безбедните региони за сместување на евакуираните“.

Загриженоста за наводните подготовки на Москва за инвазија на Украина во последно време се повеќе се изразува на Западот и во Киев.