Стипе Месиќ – екс-претседателот на Хрватска денеска престојува во официјална посета на Косово.
Службата за односи со јавноста на Собранието на Косово соопшти дека Месиќ беше примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца.
Засега нема информации за други средби и активности на поранешниот хрватски претседател за време на престојот во Приштина.
Месиќ беше на чело на хрватската држава од 2000 до 2010 година, а во Косово се цени како еден од најголемите поддржувачи на Балканот на косовската независност.