Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4 часот и 18 минути во море на околу 32 километри југоисточно од заедницата Гудура, во источен Крит.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.