Бразил: Најмалку 43 загинати во акции против наркодилери

Најмалку 43 лица загинаа во полициските операции против нарко бандите во три бразилски држави.

Во последната операција во Рио де Жанеиро, полицијата соопшти дека возвратила со престрелкаво која загинаа најмалку 10 лица, јави Би-Би-Си.

Претходно, 14 лица беа убиени во судирите за време на петдневната полициска операција во државата Сао Паоло, наречена операција „Штит“.

Во североисточната држава Баија, официјални лица велат дека биле 19 осомничени од петокот.

Педесет и осум лица се уапсени во операцијата во државата Сао Паоло, која започна откако во четвртокот беше убиен полицаец од специјалните сили во крајбрежниот град Гуаруџа.

Според локалните медиуми, полицијата запленила 385 килограми дрога како и оружје.