
Четири нови смртни случаи во морето во Грција се забележани вчера, а бројот на удавени капачи во земјата секојдневно се зголемува, пишуваат тамошните медиуми.
63-годишен грчки државјанин вчера утрото бил извлечен во бессознание од морскиот реон „Трокантеро“ Итеа во Фокида.
Во друг инцидент во месноста Плаз Авлаки Порто Рафти, 78-годишен граѓанин е извлечен од морето во бессознание. Првично му била укажана прва помош од спасителот и медицинската сестра на плажа, а потоа со возило на Итна помош бил пренесен во Здравствен дом, каде била констатирана смрт.
Во морската област „Трипити“ во Лименарија, на Тасос е регистрирана уште една смрт на капач, при што жртвата е 82-годишна странска државјанка, која вчераутро била извадена од морето во бессознание, по што е констатирана смрт.
Последната жртва е 67-годишен странец кој бил извлечен во бессознание, вчера напладне, од морскиот предел на плажата Ливрихиу, Аркица.
Телата на жртвите се предадени на обдукција заради утврдување на причините за смртта.