
Лионел Меси продолжува да биде нерешлива енигма за противниците на Интер Мајами во Лига купот, па со нови два погодока донесе победа во пресметката со Орландо.
Интер Мајами победи со 3:1, а Аргентинецот втор натпревар по ред како стартер реализира двапати и веќе има пет гола на три натпревари за МЛС тимот.
Меси стана прв играч на Интер Мајами кој постигнал барем два гола на две средби во серија и забележа нов клупски рекорд, а неговиот тим избори пласман во осминафиналето на натпреварувањето во кое играат МЛС и мексикански тимови.
Лео Меси ги постигнал првиот и третиот погодок на средбата против Орландо, а следен противник, овојпат во нокаут фазата ќе биде Далас.
ANOTHER MESSI BRACE ✔️
Messi makes it a 3-1 lead for #InterMiamiCF pic.twitter.com/8abWvRIeHj
— Major League Soccer (@MLS) August 3, 2023