Загина девојче од Турција во страшна сообраќајна несреќа на автопатот кај Ниш

Деветгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот Пирот-Ниш, кај Банчарево.

Според првите и неофицијални информации се работи за семејство од Турција.

Во оваа сообраќајна несреќа се повредени маж и уште едно дете кои се пренесени во Ниш. Наводно, тие не се во животна опасност.

Увидот на полицијата на местото на несреќата се уште трае, а сообраќајот е забавен.