Невидени поплави во Пекинг, најмалку 20 загинати

Главниот град на Кина, Пекинг, беше погоден од поплави без преседан во последните 140 години, соопшти денеска кинеската метеоролошка служба.

Во обилните дождови што го зафатија Пекинг и соседната провинција Хебеј на север, досега загинаа најмалку 20 лица, а 19 се водат како исчезнати, јавија државните медиуми.

Максималната вредност на врнежите забележана во ноќта меѓу сабота и среда наутро на една станица во градот изнесува 744,8 милиметри.

„Тоа е најголема количина на врнежи во последните 140 години“, откако се води евиденција, соопшти метеоролошката служба на главниот град.

Тајфунот Доксури стигна до источната кинеска провинција Фуџијан во петокот, од правец на Филипините.