(ФОТО) Претпразнична рација во скопска Кисела Вода, „пајак службата“ со полни раце работа

На неколку часа пред големиот верски празник Свети Илија, и пред државниот 2 Август – Илинден, „пајак службата“ во Скопје со засилена активност во населбата Кисела Вода.

Постојана мета на „пајаците“ е просторот пред КАМ маркетот лоциран спроти ОУ „Круме Кепески“. Жителите на населбата често се паркираат на тротоарот пред маркетот и пазарат, а метежот е зголемен вечерва затоа што утре е неработен ден, па граѓаните сакаат да ги набават потребните намирници за достојно прославување на празникот.

Меѓу жителите на Кисела Вода се шири муабет дека пријавата за „пајак службата“ токму на просторот пред КАМ маркетот доаѓала од конкурентски маркет во близина, кој има обезбедено голем паркинг за купувачите, нешто што КАМ на оваа локација го нема.

Дали е тоа вистина – останува да провериме!