Силен земјотрес во Турција – се затресе тлото во Коња

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Коња во центарот на земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи (АФАД).

Според сеизмолозите, фокусот на земјотресот, регистриран во 15 часот и 6 минути на длабочина од 7,2 километри, епицентарот е лоциран во областа Селчуклу.

Сеизмолозите од опсерваторијата Кандили ја процениле магнитудата на 5,1 степени.