
Русин киднапирал и силувал девојка, ја чувал во подрум цели 14 години
Во Русија, Владимир Ческидов (51), кој беше обвинет од Екатерина Б. дека ја киднапирал кога имала 19 години и ја држел заробена во еден вид зандана во регионот Чељабинск, каде што живеел со неговата мајка е на судење.
Екатерина тврди дека ја силувал повеќе од 1.000 пати пред да успее да побегне на 33-годишна возраст по 14 години заробеништво.
Неговата мајка Валентина Ческидова беше обвинета за помагање во извршувањето на кривичното дело.
Полицијата го истражува Ческидов и за убиство на друга жена во 2011 година. Во подрумот на неговиот имот биле пронајдени исечените и варени останки на Оксана, која имала 30-ти години, пишува Дејли мејл.
Ческидов денеска се појави на суд, тој беше прогласен за способен да му се суди, иако пред тоа извесно време помина во психијатриска болница.
Екатерина тврди дека 51-годишниот ѝ се заканил со нож и ја принудил да му помогне да ја распарчи Оксана за да се ослободи од нејзиното тело. Рекла дека успеала да побегне кога Ческидов толку се опил што повеќе не бил свесен и кога мајка му повикала брза помош.
Бидејќи не ја заклучил „занданата“, Екатерина побегнала во селото и ја нашла својата сестра Елена Ф, која ја барала 14 години.
„Таа ми кажа сè. Таа рече дека кога првпат ја киднапирал, таму имало друга девојка. Ја претставил како сопруга. Но потоа дошло до расправија и и забил нож во главата. Потоа ја распарчил. Тој ставил посмртните останки, рацете и нозете, во буре и те закопа“, рече Елена.
Екатерина го сретнала обвинетиот на железничката станица. Тој и платил пијалок, а потоа ја повикал дома. Дома ја врзал и и ја залепил устата со селотејп. Потоа ја принудил да му готви, да чисти и да се грижи за мајка му.