Пет лица се уапсени во Грција под сомнеж дека подметнувале пожери на неколку локации во земјата.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас најави строги казни како за одговорните за подметнување пожар, така и за оние кои покажуваат небрежност кон животната средина.
Надлежните информираа дека се работи за лица кои се поврзуваат со пожарите во Виотија, Илија, Јанина, Пела и Митилини.
57-годишниот маж, кој беше уапсен и обвинет за подметнување пожар во Каленка во планинскиот регион Чумерка на запад од Грција, денеска ќе биде изведен пред истражните органи.
Локалните медиуми објавија дека тој наводно бил вмешан и во два други слични случаи.