Дембеле за 50 милиони евра се сели од Барселона во ПСЖ

Усман Дембеле е на пат да биде нов фудбалер на ПСЖ, јавуваат европските медиуми. Францускиот интернационалец наводно веќе им соопштил на дел од своите соиграчи во Барселона деќе ќе се пресели во Париз.

„Светците“ ќе ја платат неговата откупна клаузула од 50 милиони евра што истекува вечера на полноќ, а од утре веќе ќе изнесува 100 милиони.

Затоа ПСЖ сака набрзина да ги заврши сите работи и Дембеле да потпише петгодишен договор.

Барселона за Дембеле плати обештетување од 135 милиони евра во летото 2017 година.