Во скопската Зоолошка градина вчера поплане угинаа два коња. Првичните сомнежи се дека животните биле отруени. Случајот е пријавен во полиција.
„Вработен во Зоолошката градина во Скопје на 29.07.2023 година во 15:40 часот пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња за кои се сомнева дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот”, велат од МВР.
Претходно, во Зоолошката градина во мај годинава угина жирафата Каспер. По анализите беше констатирано дена се работи за инфекција со салмонела. Оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата.