Таравари смета дека Албанците се дискриминирани во Македонија: Недостапни ни се позициите како премиер, претеседател, министер за внатрешни работи

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Топ чанел вели дека е потребна промена кај Албанците од Северна Македонија.

“Потребен ни е подостоинствен однос кон правата на Албанците и да има промени и во албанските политички партии – изјави претседателот Арбен Таравари.

Според него, Албанците се уште се дискриминирани иако сочинуваат 30 отсто од населението во Македонија.

– Одете во скопските населби, населени со Македонци, и ќе видите дека таму е град, можеби меѓу најдобрите во регионот. Ако отидете во областите каде што живеат Албанци, на пример во Чаир, Бутел или Сарај како да сте во некој друг свет – вели Таравари.

Тој додава дека дискриминацијата продолжува иако половина од владиниот кабинет го сочинуваат министри Албанци.

Според лидерот на Алијанса, во државата има некои позиции кои се забранети за Албанците, како што се министерот за внатрешни работи, премиерот и претседателот, и тоа мора да се промени.