(Фото) Револтирани граѓани од Оризари насилно влегле во просториите на ЕВН

Група револтирани граѓани насилно влегла во просториите на ЕВН Куманово.

Од ЕВН ја потврдуваат информацијата за насилниот влез на група граѓани во оваа институција.

Ова следи откако селата Оризари и Слупчане останаа без напојување по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

Од ЕВН изминатите денови информираа дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.