Сашо Мијалков работи како возач во струшкиот затвор

Поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков, е вработен како „возач за потребите на затворот“ во струшкиот затвор, пишува ИРЛ.

Мијалков веќе 11 месеци е во затвор во Струга. Истата година, во август, почнал да ја отслужува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“.

Сашо Мијалков одлучил да не се вработи, но изразил желба да помага во секојдневните работни активности на затворот на позиција возач.

„Сашо Мијалков се уште ја издржува казната затвор во наведената установа, но истиот не е работно ангажиран надвор од установата, туку е ангажиран од страна на казнено – поправната установа за свои потреби како возач, работна задача која и во други казнен-поправни установи зависно од потребите, може да биде доделена на осудени лица кои имаат отворен третман во процесот на ресоцијализација“, одговорија за ИРЛ од Управата за извршување на санкции.