Сумија Сваминатан – главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти.
„Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата“ – појасни таа.
Сваминатан ги посети погоните за производство на вакцини, во придружба на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.