Нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос

Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина.

Според информациите на МИА амбасадорката на Северна Македонија во Грција е во постојан контакт и со нашето МНР и со грчките надлежни органи.

Во Министерството за надворешни работи на Грција од вчера е активирана Единицата за управување со кризи, а персонал од Министерството заминува на островот, каде што од 17 часот попладнево на аеродромот на Родос ќе се отвори Help desk за, во соработка со амбасадите, да го олесни заминувањето од островот на странските државјани кои ги загубиле нивните патните исправи.