Претседателот Пендаровски со еднодневна посета на Пустец и Подградец

Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец.

Пендаровски во Пустец ќе биде пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.

Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што претседателот ќе оствари средба со локалните власти и ќе ги посети црквата Св.

„Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Подградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.