„Претседателот на Русија – Владимир Путин сака да го `уништи НАТО`.
Ова денеска го изјави во Варшава полскиот премиер – Матеуш Моравјецки по средбата со својот британски колега – Борис Џонсон.
„Политичката цел на Путин е да го уништи НАТО и затоа е важно да покажеме колку сме обединети“ – рече Моравјецки.
Полскиот премиер додаде дека НАТО има силно разбирање за тензиите на неговото источно крило.
Џонсон, пак, кажа дека ниту Полска, ниту Велика Британија, не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да ги заплаши или напаѓа другите. Нагласи дека Полска има клучна улога во европската безбедност.
„Лекцијата од изминатите сто години беше дека кога на Полска и се закануваше нестабилност, војна и агресија, тогаш сите беа загрозени“ – рече британскиот премиер.