Владата во Србија ја ограничи цената на горивата
Српската Влада усвои Уредба за максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар.
Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати донесена е со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период поскапеа овие деривати, што директно влијаеше на порастот на цените на сите други стоки и услуги.
Влада одлучи и сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16 и 29 години во моментот на аплицирање, имаат живеалиште на територијата на Србија и валидна лична карта, кои не добиле пари со првата финансиска помош во јануари, ќе можат да аплицираат за 100 евра финансиска поддршка во периодот од 16 до 31 мај 2022 година.