Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов

Министерството за правда на официјалниот Фејсбук-профил соопшти дека Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, а деновиве ќе биде разгледан од четирите пратенички групи и потоа ќе биде процесуиран во Собрание.

Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава. Од овој закон корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација – се вели во објавата.

Од Министерството додаваат дека предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата.

Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници – појаснуваат од Министерството.