Путин: Руската армија оди во офанзива во некои делови од фронтот
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинската контраофанзива започната во јуни не донесе значителни резултати поради отпорот на руските сили на исток и југ и посочи дека руската армија оди во офанзива во некои делови од фронтот. .
Сите обиди на непријателот да ја пробие нашата одбрана, во која користат и стратешки резерви, пропаднаа во текот на целото времетраење на офанзивата. Не успеаја, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“, пренесува Тасс.
Според него, ситуацијата е „позитивна“ за руските сили на фронтот.
Нашите трупи се однесуваат херојски и неочекувано за непријателот, тие дури и одат во офанзива во одредени сектори и заземаат поповолни позиции, рече Путин.
На прашањето на водителот кои се плановите на војската во иднина, Питин рече дека тоа ќе му го открие кога ќе се исклучат камерите.
Во петокот, шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, призна дека контраофанзивата не напредува „толку брзо“.