Четворица капачи се повредени денеска во одделни напади од делфини на плажа во централна Јапонија.
Маж на возраст од околу 60 години рано утринава се здобил со скршеници на ребрата кога бил нападнат од делфин на популарната плажа Суишохама во градот Михама кога делфинот го каснал за рака, јави Би-Би-Си.
На истата плажа утрово уште еден маж бил каснат за рака.
Во оваа област, годинава се регистрирани шест вакви напади. Поставени се и знаци кои им укажуваат на капачите да ги избегнуваат цицачите.
Научниците сугерираат дека за дивите делфини пливањето покрај луѓето е стресно и ја нарушува нивната рутина.