Меѓусебни обвинувања на политичките партии во врска со рудникот во Иловица.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат кога во прашање се бизнис интересите и криминалот на ДУИ министрите во владата безпреговорно гласаат и даваат поддршка, за потоа пред граѓаните да лажат дека се против и протестираат против своите одлуки.
„Доколку е точна изјавата на дел од министрите во владата дека биле изманипулирани и не знаеле точно за што гласаат, Димитар Ковачевски треба веднаш да го разреши министерот за економија. Секако доколку смее да му се протистави на Али Ахмети и ДУИ. Ковачевски ако не го разреши Бектеши заради овој скандал со кои следува уништување на струмичкиот регион, редно е оние министри кои биле изманипулирани да си поднесат оставка и да престанат да му слугуваат на ДУИ и Али Ахмети“, пишуваат од опозициската партија.
Од СДСМ велат дека проблемот со Иловица го создадале тие, односно Владата на Никола Груевски.
„Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за отворање на рудник во Иловица и доделени првите концесии токму од Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, кога Мицкоски беше негов советник. Општините Ново Село и Босилово со градоначалници од ДПМНЕ имаат позитивна одлука за рудник. Дури и во изборната програма ДПМНЕ се фалеше со рудник во Иловица од 2017 година. Со години СДСМ се обидува да ја исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски лавиринти“ велат од СДСМ.