Се удави 6-годишно дете во Грција, родителите се приведени

Шестгодишно дете се удави во Грција. Давењето се случило во саботата попладне на плажата Мегало Кавурио во Атика.

Родителите се приведени, а телото на онесвестеното момче е извлечено од морето и веднаш пренесено во болница, каде лекарите, можеле само да констатираат смрт.

Според првичните информации, момчето било на плажа со родителите.

Тие се товарат за сторено кривично дело „загрозување на детето“. Не се знае како дошло до трагедијата, а наредена е обдукција.