Долгогодишниот израелски лидер Бенјамин Нетанјаху беше однесен во болница на 15 јули откако почувствувал вртоглавица од дехидрација, соопшти неговиот кабинет.
Кабинетот на Нетанјаху во четвртокот соопшти дека премиерот бил подложен на медицински тестови и дека е во добра состојба, со најава дека други детали ќе бидат соопштени подоцна. Првичните тестови покажаа дека премиерот е дехидриран, а тестирањето ќе продолжи, велат лекарите.
Повикувајќи се на извори блиски до Нетанјаху, израелските медиуми на хебрејски јазик објавија дека тој претходно се пожалил дека се чувствува лошо.
Премиерот со колона возила од Цезареја на Средоземното Море беше пренесен во болница каде го минуваше викендот.
– Вчера бев со жена ми на Галилејското Море, на сонце, без капа, без вода. Не беше добра идеја – рече Нетанјаху и им се заблагодари на медицинските тимови кои се грижат за него.
Нетанјаху остана во болница, а лекарите препорачаа да се продолжи прегледот, пренесоа агенциите.