Речиси секој ден на инфективното одделение во Гостивар се хоспитализира пациент, со симптоми на труење со храна која не била подготвена или правилно складирана во овој период кога температурите се многу високи. Специјалистот за инфективни болести, Милан Груевски, вели дека само во последниот месец се поријавиле околу 300 пациенти со повраќање, дијареа и омалаксеност како резултат на труење со храна.
Лекарите препорачуваат граѓаните да бидат внимателни при складирањето на храната, како и да консумираат повеќе вода во овој период.
„Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни со храната што ја консумираат, бидејќи високите температури се основа за ширење на бактериите. Во таа насока, препорачуваме граѓаните да консумираат свежа храна. Храната што ја готвиме треба да се консумира веднаш, а не за подолг временски период. Ако се чува, треба да биде во фрижидер. Не ја оставајте на отворено, бидејќи може да бидат контаминирани од инсекти. Исто така, ви препорачуваме да пиете повеќе вода, бидејќи од високите температури доаѓа до дехидрација, откако ќе изгубите течности во телото“, вели Берун Мустафа, Центар за јавно здравје – Гостивар.
Според лекарите, луѓето со хронични болести и постарите лица се оние кои најчесто се погодени од труење со храна, што не се чува правилно во периодот кога температурите се премногу високи.