За време на акцијата за чистење на сплавот „Фристајлер“ загина млад човек

„Се помести фрижидерот, а потоа падна врз него. Бил заглавен, успеале да го извлечат, но немало начин да го спасат“, велат очевидци на трагедијата која денес се случила на потонатиот сплав „Фристајлер“ во Белград, кога за време на акцијата за чистење на сплавот загинал млад човек.

„Се претпоставува дека се лизнал и дека фрижидерот го поклопил. Таму е пронајден“, изјавил изворот на „Блиц“.

Луѓето кои биле во близина на потонатиот сплав во моментот на несреќата, тврделе дека сè се случило навистина брзо.

„Тој фрижидер падна врз него, не можеа да го спасат. Жандармеријата се појави пред 2 часа и само рекоа дека некој се удавил, тоа е сè што знаеме“, велат и додале дека несреќата се случила околу 1 часот по полноќ.

Моментално, покрај потонатиот сплав немало никој.

Да потсетиме, сплавот потона пред 6 месеци на новогодишната ноќ во реката Сава, а деновиве во тек била акција за негово извлекување. Според неофицијални извори, понтонот неодамна бил издишан, по што ставиле напумпани гуми, како би го кренале задниот дел од сплавот, по што кранот би можел да го грабне и извлече од водата. Речната вода е релативно силна, а во потонатиот сплав се наталожило голема количина кал и земја, додека видливоста под вода е еднаква на нула.