Светската здравствена организација се жали – 500.000 луѓе во светот починале откако е откриен сојот Омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини.
„Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен“ – реќе претставникот на СЗО – Абди Махамуд.
Тој вели дека „во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично“.
Во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 500.000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември.
„Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки“ – истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керхове.
Од Ковид-19 починаа речиси 5,75 милиони луѓе низ светот од почетокот на пандемијата.
Досега се употребени 10 милијарди дози од вакцините.