ССМ: Минималните трошоци во јуни изнесуваат 48 543 денари

Минатиот месец на едно четиричлено семејство му биле потребни 48 543 денари за да ги покрие минималните трошоци.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека најмногу пари во јуни, 19 805 денари, биле потребни за храна и пијалаци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 13.416 денари.

Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната кошничка, потребни се 3 720 денари за превоз, а 3 252 денари за хигиена.

Оттаму велат дека иако во однос на претходниот месец има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

Синдикалната потрошувачка кошничка во мај, според пресметките на ССМ, беше 49 025 денари. Најмногу трошоци граѓаните и во мај имале за храна и пијалаци, како и за покривање на трошоците за домување.