Ќе се бара одговорност – ГАК не обезбедиле психијатар за родилката која се обиде да се самоубие

Здравствениот инспекторат ќе бара одговорност од Кликиката за гинекологија затоа што не побарале психијатар да ја прегледа родилката, која во неделата вечерта скокна од прозор на клиниката.

Инпекторатот констатирал пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани.

По вонредниот надзор на клиниката за гинекологија, инспекторатот со решение ќе наложи на одговорните лица на клиниката да спроведат постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија.

Родилка на 39 години во неделата вечерта скокна од прозор, а претходно два пати по породувањето се пожалила на вознемиреност.