124 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се две мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за непрописно престројување на возила, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.