Ocean Gate објави дека ги суспендира сите истражувања, како и сите деловни и комерцијални операции по смртта на пет лица на нејзината подморница Титан минатиот месец – вклучувајќи го и извршниот директор на компанијата.
Екипажот загинал за време на катастрофалната имплозија, која се случила за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник, пренесува Daily Mail.
Компанијата објави кратко соопштение на својата веб-страница, но не даде повеќе детали.
И американските и канадските власти истражуваат што ја предизвикало експлозијата на подморницата која била на пат да ја обиколи урнатиот Титаник кон крајот на минатиот месец.
Известувањето е наведено со мал црвен фонт на почетната страница на веб-страницата. Не е јасно кога Оушн Гејт го додаде известувањето за суспензија.
Само минатата недела, на веб-страницата на Оушн Гејт, наводно, сè уште имало страници кои ги рекламирале патувањата на Титаник – неколку недели откако пет лица, вклучувајќи го и извршниот директор на компанијата, беа убиени на едно од патувањата, пишува Дејли мејл.
Пет патници, меѓу кои извршниот директор Стоктор Раш, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол-Анри Наргеолет, Шахзада Давуд (58) и неговиот 19-годишен син Сулејман загинаа за време на нуркање на Титаник минатиот месец.
Раш – самонаречен „иноватор“ кој се обиде да ги помести границите на нуркањето на патниците – беше еден од петтемина загинати во, како што се испостави, последното патување на Титан, откако неговата комора за притисок се распадна во близина на длабочината од 3800 метри каде што лежи Титаник.