Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудството и добро е што доаѓа европската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на оваа институција, оценува вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во утрешното издание на Трилинг.
Вели дека мисијата која ќе пристигне од Брисел да даде конкретни препораки и насоки како телото кое именува и разрешува судии да си го врати кредибилитетот.
Маричиќ за политичките и бизнис влијанијата, за американската црна листа, дали е обезбедено мнозинство за уставните промени, за конфронтација со Антикорупциска комисија, обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за корупција и други актуелни прашања.
.