Емануел Макрон – претседателот на Франција по средбата со украинскиот колега Володимир Зеленски во Киев изјави дека верува во можноста за изнаоѓање на конкретно решение за украинската криза.
Макрон во Киев допатува од Москва, па таму изјави дека двете средби постигнале напредок во придонесот за безбедноста во регионот.
Зеленски ја потврдил својата подготвеност да го спроведе договорот од Минск, а Путин вчера му пренел дека ќе ги почитува тие договори.
Британските медиуми пренесуваат дека францускиот претседател по средбата изјави дека Путин се согласил Русија да не почнува нови воени маневри во близина на Украина, но се уште не се знае што таа ќе добие за возврат.
Францускиот претседател пред посетата на Москва кажа дека не е можно да дојде до нормализирање на меѓународната ситуација без дијалог со Русија.