Силно невреме го зафати Берово

Невреме проследен со силен ветар и град денеска околу 14:30 часот го зафати Берово. Обилните дождови предизвикаа поплави на дел од градските улици, а граѓани јавуваат и за поплавени подруми и помошни простории.

Во моментот улиците во централното градско подрачје се поплавени, а забележлици се и поплавени автомобили.

Од Општината најавија дека веднаш ќе излезат на терен со цел санирање на наносите од земја и камења по улиците.