На почетокот на следната недела можно е решение за растот на платите во јавниот сектор, изјави новоизбраниот претседател на Сојузот на синдикати (ССМ), Слободан Трендафилов.
На 5 јули претставници на синдикатите се сретнаа со претставници на власта да дискутираат за барањето на вработените во јавниот сектор да им се зголемат платите, додека се чека да стапи на сила ново систематско решение кои би требало да почне да се применува во 2025 година.
По состанокот на Економска – социјалниот совет, Трендафилов рече дека има сериозно доближувања до идеите на синдикатите.
Синдикатите бараат зголемувањето на платите да се пресметува по еден од трите модели што ги предлагаат. Едниот е како основ на пресметката да се земе инфлацијата од 14, 2 проценти, вториот е порастот на минималната плата од 12, 5 проценти и третиот е порастот на просечната плата за ланската година од 10, 9 проценти.
Трендафилов е оптимист дека може да се најде заедничко решение за кратко време за тоа за колкав процент ќе пораснат платите и за исплатата на годишен регрес.
Тој сепак не кажа кој од понудените модели е прифатлив за власта, за, како што вели, да не се нарушел преговарачкиот процес.
„Доколку се направат пресметките правилно сметам дека ќе ги задоволат сите страни“, вели Трендафилов.