Карло Анчелоти – нов селектор на Бразил, ја напушта клупата на Реал Мадрид

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти по истекот на договорот со Реал Мадрид ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил од Копа Америка во 2024 година, што се одржува во јуни и јули следната година во САД, објави Фабрицио Романо.

Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) малку порано објави дека тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз (49) ќе го предводи петкратниот светски шампион додека Анчелоти не ја преземе тренерската функција.

64-годишниот италијански тренер има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година

Бразилецот Тите ја извршуваше селекторската функција од 2016 година до декември минатата година на Светското првенство во Катар, каде Хрватска во четвртфиналето го совлада Бразил.

Анчелоти ќе стане четвртиот странец кој ќе го предводи Селесао, а прв по речиси 60 години.

До преземањето на Карло Анчелоти, Фернандо Диниз ќе ги води Флуминенсе и репрезентацијата на Бразил.