СЗО: Три деца меѓу жртвите во израелскиот напад на Џенин

Илјадници луѓе побегнаа од кампот на окупираниот Западен Брег откако Израел во понеделникот започна воена операција.

Три деца се меѓу 10-те убиени по нападот на израелските сили врз бегалски камп во палестинскиот град Џенин, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН, пренесува „Скај њуз“.

Светската здравствена организација соопшти дека итните служби биле спречени да влезат во камповите за да ги лекуваат повредените.

Илјадници луѓе побегнаа од кампот на окупираниот Западен Брег откако Израел во понеделникот започна воена операција.

Израелските трупи во вторникот продолжија со потрагата по палестински милитанти и оружје.
Неколку градови на Западниот Брег, наводно, прогласиле генерален штрајк за вторник во знак на солидарност со Палестинците во кампот Џенин, каде што живееле околу 14.000 луѓе.

Тоа е најинтензивната воена операција на Израел на Западниот Брег во последните 20 години и потсетува на неговата воена тактика за време на второто палестинско востание, познато и како Втора Интифада, во раните 2000-ти.

Операцијата доаѓа во време на зголемен домашен притисок за остар одговор на неодамнешните напади врз израелските доселеници, вклучително и пукањето минатиот месец во кое загинаа четворица Израелци.

Канцелариите и бизнисите низ окупираниот Западен Брег се очекува да бидат затворени во вторник како одговор на повиците за генерален штрајк во знак на протест против операцијата, која палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја опиша како „воено злосторство“.