„Димитар Ковачевски молчи за криминалот на неговиот коалициски партнер Али Ахмети и кланот Зајас. Ковачевски бега и не смее збор да изусти за тоа како Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети кои ја формирале компанија „Хелиос“ , и сопствената банка ја известиле дека ќе градат фотоволтаична централа, како и дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека планираат јавно приватно партнерство за централата е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став дека „без одобрување и поддршка од Ковачевски и Ахмети никој не може да даде усмена гаранција дека нивниот бизнис ќе биде реализиран и тоа со финансиска помош од владата на СДС и ДУИ“.
„Ковачевски е директен учесник во криминалиите на ДУИ и Ахмети. Ковачевски се плаши да побара одговор и одговорност за Ахмети и ДУИ, бидејќи и тој е целиот во криминал. Али Ахмети и Димитар Ковачевски се најголемите криминалци. ДУИ 22 години ја пустоши државата. ДУИ мора да замине во опозиција и да одговара за сиот криминал“ се вели во партиското соопштение.