Следните пет дена делницата Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај

Авто-мото сојузот (АМСМ) известува дека од утре до 8 јули, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во населеното место Градско, во периодот од 8 до 18 часот.

Делницата ќе биде затворена поради асфалтирање, информираат од АМСМ.