Жена (39-годишна) која само што се породила се фрлила од првиот кат на скопската Клиника за Гинекологија, потврдила за „Фокус“, директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.
„Пациентката кај нас е донесена во 36-та недела. Не е следена нејзината бременост на Гинекологија. За 12 минути е породена и спасени се и таа и бебето. Ден пред да си оди потпишала дека не сака да го дои бебето и што, како се случило не знаеме. Не ја ни знаеме причината за нејзината одлука. Сите се шокирани, а мајката е во критична состојба“, вели доктор Јовановска.
Според информациите, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена итна операција, но никој од лекарите не ја знае точната причина за одлуката на штотуку породената жена.